15/04/2026
🎇 Славиме 2 Години
Драги гости, пријатели и соработници,
Со голема радост сакаме да ве известиме дека овој петок, 17-ти април, нашиот и ваш ресторан го слави својот втор роденден! 🎂
Овие две години беа исполнети со многу убави моменти, насмевки и незаборавни сеќавања. Сакаме да испратиме едно ОГРОМНО БЛАГОДАРАМ до сите вас кои бевте со нас од самиот почеток, како и до сите нови гости кои станаа дел од нашата приказна. Вашата доверба и поддршка се нашиот најголем мотив да продолжиме да работиме со истата љубов.
Секој почеток и пат кон успехот имаат свои предизвици и ништо не е совршено. Затоа, сакаме искрено да се извиниме за сите ненамерни грешки, евентуални доцнења или пропусти кои можеби се случиле во изминатиот период. Секоја ваша забелешка ја прифативме како важна лекција за да го подобриме нашето работење и да ви пружиме уште подобро искуство.
Ве покануваме во петок заедно да го одбележиме овој јубилеј. Наздравје за уште многу заеднички години, одлични специјалитети и незаборавни спомени! 🥂
Со почит,
Тимот на Ресторан Lychnidia