OHRID SUMMER FESTIVAL - ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО

OHRID SUMMER FESTIVAL - ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО SHORT HISTORY OF THE FESTIVAL If we are to talk about Ohrid Summer Festival at the encounter of its

Ако се зборува за Фестивалот Охридско лето во пресрет на неговото 62. издание, сигурно е дека долгогодишното опстојување на оваа манифестација упатува кон сознание дека, таа се потпира на нешто што навистина претставува голема традиција. А таа традиција извира од местото кое е дадено од БОГА, од градот Охрид – духовната престолнина на Македонија, градот на древноста, со волшебното сино езеро, град

со долговековна културна историја со вредностите на античката цивилизација, градот со првиот сесловенски универзитет во Европа, градот на Самуиловото царство и најпосле градот – репрезент на целокупната македонска културна и духовна историја.

И затоа, не случајно во овој град-свето место, Господ требаше само да ја испрати својата благородна порака, за да се означи почетокот на нешто што требаше да се случи тука. И тоа се случи во далечната 1961 година на 4 август, среде лето. Се случи да блесне искрата на светлината под чудесните сводови на преубавата катедрална црква Света Софија-дел од монументалните древни вредности на Охрид, од 11 век).

Блесокот на таа искра го означи раѓањето, односно почетокот на манифестацијата, која најверојатно беше предодредена од Бога, како што исто така беше дадена и оперската певица Ана Липша Тофовиќ да го означи почетокот на еден фестивал кој подоцна ќе го носи официјалното име ОХРИДСКО ЛЕТО.

Тој прв концерт на 4 Август во Света Софија каде што магичниот глас на Првенката на Македонската опера како да беше нарачан за тој прекрасен амбиент со неверојатната акустика, дефинитивно ја потврди оправданоста на сите дотогашни настојувања и желби за да се дојде до тоа што Охрид бездруго треба да го има.

Тој чин на концертно крштевање на Света Софија направен во миг на визионерско вдахновение на Ана Липша Тофовиќ и нејзиниот пијано соработник Ладислав Перлдик, со голем ентузијазам поддржан од охриѓани и македонски културни дејци, покажа дека семето е посеано на плодна почва и од него се зародува манифестација од светско значење. Изведбата на дела од Хендл, Моцарт, Бетовен, Глук, со самиот почеток делуваше импресивно и покажа дека Света Софија е дадена за тоа.

Така започна приказната што се вика Фестивал Охридско Лето.

Во првите фестивалски години во програмскиот концепт преовладуваше непосредната врзаност на Света Софија со вокалното музицирање, но се разбира со настојување пред се да биде обезбеден уметничкиот квалитет од една страна, а од друга страна грижата и потребата за застапеност на дела инспирирани од светото дело на браќата Кирил и Методиј со што ќе се нагласи значењето на Охрид како лулка на словенската писменост. Во неколкуте први години на себенаоѓање и профилирање на сопствената физиономија, Охридско Лето силно се утврди како еден од стожерите на македонската културна традиција.

Катедралната црква Света Софија, таа стара дама на Охридската Патрикана, се повеќе се покажува како незаменлив простор за камерно музицирање, станувајќи притоа се попривлечна за многу уметници и ансамбли од светот. Фестивалот стануваше привлечна дестинација за уметници со високо реноме, а меѓу нив : Владимир Ружѓак ( баритон од Хрватска), Мартина Аројо сопран од САД, Словенечкиот октет, Прашките музичари, прочуените Светски квартети Џулијард и особено Голден гејт квартет, македонските уметници Милка Ефтимова, Тодор Скаловски... Нивните настапи предизвикуваа одушевување, но во исто време и предизвик за други уметници од светот кои имаа желба да го видат тоа чудо што се вика Света Софија. Така, годините што следуваа, го означуваат можеби најзначајниот период во развојот на Фестивалот, период што битно ќе се одрази на натамошниот нагорен од на оваа манифестација. Тоа е периодот на легендарните Леонид Коган (руски виолинист, најдобар во светот во тоа време) и Андра Навара виолончелист од Франција, исто така еден од најдобрите во светот. Овие двајца виртуози на својот инструмент спаѓаат во групата уметници кои не се одвојуваа од Фестивалот се до својата смрт. Нивните концерти, било рецитали или како солисти со оркестри ќе останат регистрирани и вброени меѓу најквалитетните музички настани на Фестивалот и оставија посебен белег во фестивалската историја. Едноставно тие ги вградија својата уметност и својот творечки дух во Фестивалот. Нивната љубов и врзаност кон Фестивалот беше толку голема што тие со големо задоволство се зафатија и со педагошката дејност, одржуваа посебни музички семинари во рамките на Фестивалот што се покажа како многу корисна активност на Фестивалот бидејќи од тие курсеви произлегоа многу млади врвни музичари.

Фестивалот потоа стануваше се поинтересен, побогат и попривлечен за уметниците и ансамблите од светот. Така во тие години (70-те и 80-те) продефилираа многу уметници и ансамбли, од кои покрај домашните од тогашната Југославија и многу светски реномирани имиња чие учество придонесе за уште поголема фирмација на Фестивалот. Имињата на: Мстислав Ростропович, Алдо Чиколини, Гидон Кремер, Руџеро Ричи, Виктор Третјаков, Хенрик Шеринг, Салваторе Акардо, Елена Обрасцова, Катиа Ричарели, Викторија де лос Анхелес, Максим Венгеров, Вадим Репин, Џулиан Рахлин, Иво Погорелиќ и многу други вокални и инструментални солисти или пак од ансамблите како : Минхенскиот камерен оркестар, Камерниот Оркестар Виртуози ди Рома, Камерниот оркестар Жорж Енеску, Литванскиот камерен оркестар, Симфонискиот радио оркестар на Австриското радио, хоровите Мадригал од Букурешт,Глинка од Санкт Петербург, хорот на Виенските деца и други, придонесоа за натамошниот раст и афирмацијата на Охридско Лето.

Но, во тие години, како што физиономијата на музичкиот дел од програмата се повеќе се зацврстуваше, паралелно со тоа се почувствува и потребата од истото за другиот програмски сегмент – театарот. А тоа од проста причина што древниот амбиент на Охрид со своите чудесни и податливи сценски локалитети, едноставно го привлекува режисерското око и волшебната игра на актерот. Така, во првите години на фестивалот се почна со гостувањето на домашните
( македонските театри) со претстави од нивниот репертоар, за подоцна и овој програмски сегмент да ја доутврди својата физиономија и фестивалот да стане примамливо собиралиште за многу гостувачки театри од светот а посебно од просторите на поранешната Југославија.
Се случија врвни театарски остварувања со театри од највисок ранг од поранешните југословенски простори, но и со странски театри како на пр. од Русија, Турција, Франција, САД, Холандија, Италија, Грција и др. земји. Прекрасните и атрактивни сценски простори во Охрид ќе понудат нови можности, а тоа се првите фестивалски претстави кои се подготвуваат и прикажуваат премиерно на фестивалот. Така на сцените во предворје на Света Софија, Долни Сарај, Самуиловата тврдина, Св.Наум, Сараиште, Плаошник и др.се остварија театарски проекти за паметење (премиери или адаптации и одбрани репертоарски претстави) по текстови на домашни драмски автори или пак светските класици како што се: Шекспир, Чехов, Молиер, Гогољ, Брехт, Нушик, или пак старогрчките Софокле, Еврипид, Аристофан и т.н.

Со осмислената физиономија и на театарската програма во 80-те години, Фестивалот веќе достигнува навистина импозантен подем што му дава за право да се смета за манифестација од светки рамки.

Својата зрелост како манифестација со високи уметнички вредности Охридско лето ја потврдува и заокружува во средината на 90-те години, поточно во 1994 год. Кога станува член на Европскиот сојуз на фестивалите со седиште во Женева. За прием во оваа голема и многу значајна асоцијација се бараа строги и високи критериуми. Охридско Лето ги исполнуваше и со тоа стана рамноправна членка во семејството на европските фестивали. Тоа е големо признание не само за Фестивалот туку и воопшто за македонската култура.

Се разбира, со влегувањето во оваа асоцијација, се отворија и други пошироки можности за делување од повеќе аспекти во развојната насока на Фестивалот, особено во програмскиот сегмент. Пред се, Фестивалот станува многу попознат во светот од една страна, а од друга страна се пружа поголема можност за непосредна соработка со елитните европски фестивали што ќе биде од голема корист за взаемна размена на проекти и искуства.

Доаѓа и 2000, 2001 година. Години во кои Фестивалот го добива она за кое мечтаеше одамна. Се открива локалитетот на Античкиот театар како најголем сценски простор. И тука во 2001 година со свеченото отворање на Фестивалот ( премиера на спектакуларниот драмски проект на И.Поповски Маседуан) се промовира најголемата и најатрактивна летна сцена со капацитет од околу 3000 посетители.

Со овој сценски простор, несомнено, Фестивалот добива една друга димензија во насока на збогатување на своите програмски содржини. Посебно за содржините на свечените отворања кои бараат масовности и спектакуларност. Оттогаш, сите свечени отворања на Фестивалот се одвиваат на сцената на овој волшебен простор. Тоа го покажа незаборавниот премиерен проект Маседуан на Иван Поповски, а во наредните години следуваа и други спектакли како: Звездите на Руската опера и балет, концертот на светскиот Тенор Хосе Карерас и т.н.

Фестивалот Охридско лето, денес може да се каже дека навистина е среќен фестивал што го има градот Охрид, но и обратно: и градот е среќен што го има овој голем фестивал, а тоа морало да биде така бидејќи така било најверојатно предодредено.

Се разбира во Република Македонија секогаш е присутна свеста за значењето на оваа врвна културна манифестација поради што Фестивалот и ја има севкупната поддршка од сите институции на државата. Посебно, поддршката од страна на Владата на РМ преку Ресорното министерство за култура, Претседателот на државата кој воедно е и Покровител на Фестивалот а исто така и значајната поддршка од стопанството преку одделни фирми и претпријатија кои финансиски го помагаат фестивалот.

01/03/2023

По повод 8 март, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на популарното Трио...

01/03/2023

По повод 8 март, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на популарното Трио „Џентлмен“, музички состав од тројца професионални ...

01/03/2023

По повод 8 март, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на популарното Трио „Џентлмен“, музички состав од тројца професионални ...

01/03/2023

По повод 8 март, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на популарното Трио „Џентлмен“,  музички состав од тројца професионалн....

15/02/2023

The director of NI “Ohridsko leto”, Natasha Popovic, today held a working meeting with the President of the state Stevo Pendarovski, where she officially invited him to open the 63rd edition of the Festival this year, and discussed future activities under the auspices of this most important of o...

15/02/2023

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ денеска оствари работна средба со Претседателот на државата Стево Пендаровски на која, официјално и оваа годин...

https://ohridnet.com/archives/29466
15/02/2023

https://ohridnet.com/archives/29466

Традиционално и оваа година директорката Поповиќ го покани претседателот Пендаровски да го отвори 63 Охридско лето. Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поп...

15/02/2023

Директорката на НУ „Охридско лето”, Наташа Поповиќ денеска оствари работна средба со Претседателот на државата Стево Пендаровски на која, официјално и оваа годин...

10/02/2023

Министерството за култура на Република  Северна Македонија и годинава одвои финансиски средства за Националната установа „Охридско лето“. Средствата се доделу....

04/02/2023

The General Manager of NU Ohrid Summer Professor Natasa Popovic, today held a meeting with the ambassador of the Kingdom of Spain in the Republic of North Macedonia, H.E. Jose Luis Lozano Garcia, at his invitation, where they discussed the Spanish evening within program of this year’s Ohrid Summer...

03/02/2023
31/12/2022

Годината во заминување ја одбележаа бројни настани кои беа дел од репертоарот на фестивалот Охридско лето. Директорката Наташа Поповиќ вели 2022 ќе ја памети како ис...

Address

Ulica Partizanska Br. 4
Ohrid
6000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Telephone

+38946262304

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when OHRID SUMMER FESTIVAL - ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share