Добар

Добар Сервираме #Добри доживувања од 2006та година.

15/08/2026

"Кон крајот на шеесеттите години, словенечкиот архитект и индустриски дизајнер Саша Јанез Махтиг го создава легендарниот K67. Мал модуларен киоск кој никогаш не бил замислен како ремек-дело. Неговата задача била едноставна. Да биде практичен. Да продава весници, билети, цвеќе, сладолед или кафе. Да биде дел од улицата, а не од музејот.

Неколку децении подоцна, истиот тој K67 ќе стане дел од колекцијата на MoMA во Њујорк како едно од најзначајните достигнувања на индустрискиот дизајн од поранешна Југославија. Но приказната не завршува таму. Во тогашната држава, речиси секоја република развива свои варијации на модернистичките киосци. Локални фабрики произведуваат различни модели инспирирани од истата идеја. Некои биле зелени. Некои портокалови. Во Скопје останаа запаметени токму црвените. Не затоа што биле архитектонски ремек-дела. Туку затоа што биле дел од нашето секојдневие. Од нив го купувавме првиот стрип. Првиот сладолед кога ќе дојдеше пролетта. Весникот за дедо. Мастики. Сок во стаклено шише

Токму затоа ми се допадна новата втора локација на Добар Бар. Не затоа што отворија уште едно место за кафе. Туку затоа што решија да не почнат од нула. Во еден стар црвен скопски киоск мириса еспресо. И тоа, за мене, е многу повеќе од добар маркетинг.

Нивниот став да не го гледаш старото како товар, туку како можност.
Да разбереш дека иновацијата не секогаш значи да измислиш нешто што никогаш не постоело. Понекогаш најиновативната идеја е да препознаеш вредност во нешто што сите други одамна престанале да го гледаат."

*Обновениот киоск на фотографијата е моделот KC-190 (проектиран 1986), чиј автор е еден од доајените на македонската архитектура, професор Александар Никољски. Тој дополнително ја истражувал идејата на модуларниот киоск и е автор на повеќе модели на изведени и идејни решенија за киосци. Киосците на Никољски биле произведувани од „Треска-Полипласт“ во Струга.

Добар GOVS YARD
Новата локација се наоѓа на Ул. Есенинова, кај Тутунски комбинат. https://maps.app.goo.gl/w7gAJJz7ZV8tBnwQ6

Прочитајте повеќе на линкот во коментар.

Кафето на месец август е вирален рецепт - ледено еспресо со карамела и банана- cold foam 🫶Достапно на мени на двете лока...
08/08/2026

Кафето на месец август е вирален рецепт - ледено еспресо со карамела и банана- cold foam 🫶

Достапно на мени на двете локации на Добар до крајот на месецот, не пропуштај 👀

Овој викенд сме тука за сите што сте во Скопје, честит празник 🥂
01/08/2026

Овој викенд сме тука за сите што сте во Скопје, честит празник 🥂

Нашата приказна препознаена и раскажана и во Србија! Благодариме од срце Journal.rs 🫶
24/07/2026

Нашата приказна препознаена и раскажана и во Србија! Благодариме од срце Journal.rs 🫶

Dobar Bar je obnovio prepoznatljivi kiosk sačuvavši njegov originalni karakter i pripremivši ga za novo poglavlje.

Најголемиот фаворит од кафиња на месецот во изминатите неколку години е тука овој јули, тие што го исчекуваат цела годин...
16/07/2026

Најголемиот фаворит од кафиња на месецот во изминатите неколку години е тука овој јули, тие што го исчекуваат цела година - ова е вашиот месец 🫶

Coconut freddo - со природен кокос крем и парчиња печен кокос 🥥

Достапно во Добар на двете локации до крајот на месецот 🏃‍♀️

Имаме многу добра вест! Добар бар има нова локација на другата страна на Скопје 🥰Решивме дека ќе оживееме едно од ретро ...
10/07/2026

Имаме многу добра вест!
Добар бар има нова локација на другата страна на Скопје 🥰
Решивме дека ќе оживееме едно од ретро обележјата на градот, КИОСК, кој се сеќава?

Од утре може да го посетите нашето дворче во GOVS YARD, ул. Есенинова, кај Тутунски Комбинат.
Се гледаме 🙌🌳

Добар живот и ова лето 🥵За добра храна ќе се погрижат Cuks Deli , а за добра музика DOUBLE G  и Little Beat More  директ...
05/07/2026

Добар живот и ова лето 🥵

За добра храна ќе се погрижат Cuks Deli , а за добра музика DOUBLE G и Little Beat More директно од Виена 🕺🏻

Не пропуштај, резервирај си место во дм 🪩

Каде и да одиш, не биди без добра пијачка 🏃Целото наше мени е достапно за носење, а ако сеуште не проба Убе лате, време ...
30/06/2026

Каде и да одиш, не биди без добра пијачка 🏃

Целото наше мени е достапно за носење, а ако сеуште не проба Убе лате, време е да го направиш тоа 💜

20/05/2026

Добар наполни 7 ✨

Благодарни сме на сите што бевте дел од овој ден, а и сите што сте дел од изминатите 7 години во Добар 💫

16/04/2026

Доколку сакаш да се приклучиш на нашиот тим, со полно работно време на позиција шанкер, пиши ни веднаш 📥🍸

Испрати го ова на некој што мислиш дека треба да го види 👀

Address

БУлица Партизански Одреди 155-10/11
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 00:00
Tuesday 08:00 - 00:00
Wednesday 08:00 - 00:00
Thursday 08:00 - 00:00
Friday 08:00 - 01:00
Saturday 08:00 - 01:00
Sunday 08:00 - 00:00

Telephone

+38975287065

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Добар posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category