Кафе Бар Синдикат

Кафе Бар Синдикат Синдикат е место за дружење, за мир, за слобода, за слога, за љубов и разбирање.
(239)

1. Според член 1, став 1, алинеја 1 од законовникот за основање на синдикални здруженија, кафе бар Синдикат е регистриран и започнува со работа на 15 септември, лето господово 2015то.

2. Синдикат е место за дружење, за мир, за слобода, за слога, за пиење и љубов помеѓу луѓето.

3. Во Синдикат може да членуваат сите омладинци и омладинки не помлади од 18 години, односно од легалната возраст за конзумирање на алкохолни пијалоци.

4. Синдикатот има конгреси, состаноци, статут, членски книшки и организира избори исклучиво и само во вонредни ситуации.

5. Синдикатот организира штрајкови, забави, пијанки, чајанки и други спортски активности.

6. Во Синдикат сите се другари, другарки, синдикалци и синдикалки

Другари и другарки,оваа сабота во нашиот мал естаблишмент ќе уживаме во одлична хаус селекција од другарот . 🎧😎Старт 21ч...
17/09/2026

Другари и другарки,

оваа сабота во нашиот мал естаблишмент ќе уживаме во одлична хаус селекција од другарот . 🎧😎

Старт 21ч 🍻

Рокенрол петок со другарите DAY OFF Старт 21:30ч
16/09/2026

Рокенрол петок со другарите DAY OFF

Старт 21:30ч

Другари и другарки,По кратка пауза во четврток продолжуваме со Agave Nights и на менито ќе имаме нови коктели со текила ...
15/09/2026

Другари и другарки,

По кратка пауза во четврток продолжуваме со Agave Nights и на менито ќе имаме нови коктели со текила подготвени од другарот

Старт 20ч.

Живели🍹🥰

Другари и другарки,Би сакале да ја искористиме оваа ретка и несекојдневна прилика која се појавува еднаш во годината и д...
07/09/2026

Другари и другарки,

Би сакале да ја искористиме оваа ретка и несекојдневна прилика која се појавува еднаш во годината и да ве поканиме да доете да го прославиме 11тиот (со букви единаесетиот) роденден на нашиот респектабилен естаблишмент.
Имаме добар план е да го окупираме викендот со еден дводневен настан од музичко алкохолен калибар по следниот распоред:
- Петок, 11ти Септември - Старт 16.30ч.
Завршувате со работни активности или бегате од работа (кој како сака) и доаѓате во Синди, каде што ве чекаме спремни со грч ладен Хајнекен на точење, Паломи и други видови алкохоли. За музичкиот дел ќе бидат задолжени другарот добар чоек, испичутура и мераклија за пуштање музика на родендени на Синдикат, а када падне ноч на сцена искачаат другарите DAY OFF со безобразно добра рокенрол селекција.
- Сабота, 12ти Септември - Претстава во три чина. Старт точно напладне
Прв чин - 12 часот... пречекување гости, честитање, гушкање, бацување... ништо официјално, се спонтано и опуштено. Миксетата ја фаќаат другарите Славе и Лефанк, журката го прогласуваме за отворено и почнуваме со пиење, шизење, добри вибрации, насмевки а у, ти реков ми рече.
Втор чин - од 17 - 20 часот, затишје пред бура. Овој период ќе го искористиме за консолидација, земање здив, ставање пива на ладење, мењање буриња, и сл.
Трет чин - сцената ја преземаат другарите Васо и Песинџер и не застануеме со журкање, шизење и пиење до крај на вечерта.

На кратко тоа би било... поклони не треба. Знаеме дека на 12ти Септември се погаѓа да има еден куп добри настани низ град, затоа најсреќни ќе бидеме доколку дојдете сите да се гушнеме и со вас си понесете насмевки и добро расположение. 🙂

Љуби вас Синди 🤘🍻🥰

Другари и другарки,Поради то шато вторник се паѓа да е нерабиотен, Ц.К. на Синдикат донесе одлука за вонредно понеделнич...
06/09/2026

Другари и другарки,

Поради то шато вторник се паѓа да е нерабиотен, Ц.К. на Синдикат донесе одлука за вонредно понеделничко музичко алкохолно издание со другарот Рубик, кој има тазе плочи само за оваа пригода.

Старт 21ч.

Оваа сабота зад микестата го имаме другарот Брув со одлична селекција на хаус музики за ѕенѕање. 😎🎧Старт 21.30ч 🍹
03/09/2026

Оваа сабота зад микестата го имаме другарот Брув со одлична селекција на хаус музики за ѕенѕање. 😎🎧

Старт 21.30ч 🍹

И во новата школска година продолжуваме со безобразно добар рокенрол од другарите DAY OFF  🤘Старт 21.30ч
03/09/2026

И во новата школска година продолжуваме со безобразно добар рокенрол од другарите DAY OFF 🤘

Старт 21.30ч

Другари и другарки, На минатонеделниот состанок помеѓу претставниците на Ц.К. на Синдикат и претставниците на  Ц.К. на С...
31/08/2026

Другари и другарки,

На минатонеделниот состанок помеѓу претставниците на Ц.К. на Синдикат и претставниците на Ц.К. на Скопје Винил Конвеншн едногласно беше донесена одлука за организирање и реализирање на настан од музичко забавен карактер со цел предизвикување делириум кај публиката, а богами и танцување.
Настанот ќе се одржи во четврток на 3ти септември лето господово дваесшесто во синдикалниот естаблишмент и ќе биде во склоп на серијата припарти настани организирани од тимот на Скопската конвенција на винили. 🎧🎶😎
За музичкиот избор ќе се погрижат неколку реномирани диск џокеи од нашето поднебје помеѓу народот бознати како: Вишко, ДиЏеј Гоце, Чваре и Дабл Џи.
За да не останеме жедни ќе монтираме шанкче на кое ќе имаме бармен кој ќе прави коктели и со џин од сортата Малфи. 🍹

Старт 20ч по средноевропско време.

Живели 🍻

Address

Ulica Orce Nikolov Br. 97
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 00:00
Tuesday 08:00 - 00:00
Wednesday 08:00 - 00:00
Thursday 08:00 - 00:00
Friday 08:00 - 01:00
Saturday 09:00 - 01:00
Sunday 09:00 - 00:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Кафе Бар Синдикат posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Establishment

Send a message to Кафе Бар Синдикат:

Shortcuts

Share

Category