Cresha Bar

Cresha Bar Цреша Бар, Скопје, Македонија
(487)

Гастроманија - Бистро „Цреша Бар“ - Храна за ментално патување



Ова бистро со домаќински шмек има разновидно мени, па така денес можете да уживате во медитеранска, утре во азиска, ама и во - нашата кујна



Не сум осамена и единствена во желбите. Сакам мезе, мали, пријатни за око залачиња од се' и сенешто, шарени салати, сендвичи, купови во чинија. И сеедно што се „прозападњачивме“, па жестокото

го пиеме од нога и грицкаме во од, мезето е царска работа. Те тера да закочиш, да сопреш, трчањето да го откачиш во комплетот со стресот и рутината. Мислам дека мезењето е опашката што се влече по нас, аманет и навика од друго време. Како што вели Момо Капор – „разликата меѓу цивилизација која пие виски, а не мези и оваа нашата, која додека пие мора да боцка макар ронка сирење, е иста како ’блискоста‘ помеѓу еспресото и турското кафе“. Мојата генерација секогаш била некаде помеѓу.

Приказната за овонеделниот ручек е врзана за сон и за цреша. Мезењето, како што спомнав, дојде помеѓу. Еве вака - да се сонува цреша значи среќа, женственост, младост. Носталгија? Не, туку голема уметност животот да не се зема сериозно, туку нашега, да се троши полека, миг по миг. Па и сегашноста и иднината се како огледало - ако им се муртите - ќе ви се стемни од нив, ако им се насмевнете - ќе ја возвратат насмевката.

Така ја најдов „Цреша“ - одејќи по улицата „Иван Милутиновиќ“, зад ТЦ „Буњаковец“, или најпрецизно кажано - спроти некогаш култното кафуле „Кај Саво“. Прекарот остана закопан во минатото.

Има нешто носталгично во овој дел од градот, старо и ново, се мешаат приказните, сликите, сеќавањата. Логото на „Цреша“ е дело на дизајнерката Јана Ацевска, а името на бистрото верувам не ги намачило многу кумовите. Кога ќе влезете, во дворот, некаде на средина се наоѓа голема цреша, а природноста на амбиентот не е нарушена со маси и столови за седење. Има неколку целини, пријатно е и го има шармот на препознавање. Како да сте биле веќе тука, како некој дел од вас, некое дезертирано молекулче да ве чека отстрана и сега сте - свои на своето.

На спомнатата цреша, по нејзините гранки, се закачени плодови, вештачки, се разбира, како времето да запрело во пролет. Тој домаќински амбиент е помешан со ’фенси‘ моменти на испоседнати гости, што гледам безрезервно го сакаат местото. Со таков емотивен багаж влегов во „Цреша“, а излегов со чувството дека животот ми е целосно достапен во овој миг. Ама за тоа, на крај.

Зелено. Кога продолжив да истражувам низ „Цреша“, кога влегов внатре, ме удри зелен бран на пролетта, на штотуку разбудените, проодените, освестените ѕидови, кои беа во таа боја. Страничниот дел има црвени светилки, што некако наликуваат на цреши. Шанк, интересни дребулии, во око ми застана долга стаклена вазна полна со цреши, големи како да се охридски. Се распослала некоја растоварена енергија, музиката е препознатлива и, колку што можам да забележам, сите се среќни како да се на голем одмор.

Кога одбирам место за седење, многу стратегиски го пикирам - да гледам, а да не сум впечатлива, особено да немам изненадувања од зад грб. И го здогледувам, ми се чини, најпривилегираното место во „Цреша“ - една филмска маса во издадениот простор, ограден со стакла. Маса, четири стола, обични а необични, како од соништата, сечии и ничии, шарени, возбудливи. Седнувам победнички и келнерот, фаќајќи го со поглед моето ликување, ми кажа дека масата е на Мирослав Масин. Мислам, ја насликал тој, а кој ќе седне, понатаму е чиста среќа.

Не знам колку сликарската приказна ќе се совпадне со мојата, ама масата е како шарен килим - како да треба да летнам меѓу птиците и рибите, толку беше живописна и весела.

Всушност, потоа сфатив дека нема ништо типично и предвидливо во „Цреша“, дека седењето тука е нешто како патување без возен ред. На пример - немаат стандардно мезе, туку гостите ја имаат привилегијата секој ден да пробаат нешто различно, од најдалечни и најблиски земји на планетата, се' зависи од инспирацијата. И на готвачот и на газдата, кој по се' изгледа е гурман, па сака со храна, наместо со билет, да ги нагости пријателите на „Цреша“.

Тој петок, во „дневното мени“ ја добив премијата. Првин келнерот донесе школки, а веднаш потоа - крекери со сос од краба. Чиниите се интересни, па тамам рибите од масата на Масин почнаа да потскокнуваат, стигнаа брускети со песто и една чинија нудли. Магија!

Значи - време е за уживање. Не брзав никаде, пробував залаче по залаче, дозволувајќи да ги одгатнувам вкусовите, да и' се восхитувам на мајсторијата во комбинирањето на мирудиите. Школките се тазе, како сега некој да ги извадил од море, а кога ги промешав нудлите, видов ф’стаци и уште некои семиња, го препознав соја сосот, а босилекот ми остана залепен за сеќавањата... Медитеран во сиот свој раскош.

„Го имате ли пилешкото со кари и бурито, како вчера?“ го прашуваат две девојки келнерот, одмерувајќи ја мојата богата софра. Млади се и смели, како да ги собрале сите вистини на светот, во едно единствено движење. Убавици, сакав да им порачам, чувајте си ја младоста како најубавиот фустан, ама се премислив. Прво, делење памет од непознати, сеедно во каков и да е занес, ми се стори како натрапничка работа, а второ - кој денес толку специјално чува облека? Човек знае многу повеќе одошто разбира.

Во „Цреша“ седнав во времето кога денот ја доживуваше кулминацијата - созреан и есенски стабилен. Станав неколку часа подоцна, светкаа светилките и насмевките на ноќната тура гости.

Дали поради амбиентот, атмосферата и храната, заговорот на среќата со кој бев опколена, кога тргнав дома, ми доловија чувство како да излегувам од едно друго, посреќно време.
Извадок од
25.10.13 од Утрински Весник напишан од Валентина Тодоровска

Викенд агенда 29-30 Мај🍒•Петок:☆Владодлак☆🪩Дј-сет21:00•Сабота:🍹☆Paloma Night☆Промо цена 200,ден20:00🌸
25/05/2026

Викенд агенда 29-30 Мај
🍒
•Петок:
☆Владодлак☆
🪩Дј-сет
21:00

•Сабота:
🍹☆Paloma Night☆
Промо цена 200,ден
20:00
🌸

🌸Викенд во Цреша🍒Петок:☆Шурбе☆🪩ДЈ-сет21:00Сабота:☆Amaretto Sour Night☆🍹Цел ден промо200,ден #црешабар
12/05/2026

🌸Викенд во Цреша🍒

Петок:
☆Шурбе☆
🪩ДЈ-сет
21:00

Сабота:
☆Amaretto Sour Night☆
🍹Цел ден промо
200,ден

#црешабар

🍒Викенд агенда🔥08-09.05.26Петок: ☆Владодлак☆🪩Дј-Сет21:00Сабота:☆Игор Калц☆🪩Дј-Сет21:00🥃Цел викенд промо цени:Johnnie Bla...
04/05/2026

🍒Викенд агенда🔥
08-09.05.26

Петок:
☆Владодлак☆
🪩Дј-Сет
21:00

Сабота:
☆Игор Калц☆
🪩Дј-Сет
21:00

🥃Цел викенд промо цени:
Johnnie Black 250,den
Johnnie Red 180,den
J&B 180,den

Неделна Агенда🍒29.04-02.05.26Среда: 29.04☆ДЈ Пејчи☆20:30Четврток:30.04☆Маргарита Варијанти☆Промо 220,денПеток:01.05Нераб...
28/04/2026

Неделна Агенда🍒
29.04-02.05.26

Среда:
29.04
☆ДЈ Пејчи☆
20:30

Четврток:
30.04
☆Маргарита Варијанти☆
Промо 220,ден

Петок:
01.05
Неработен одмараме

Сабота:
02.05
☆Водка Саур вечер☆
Промо 200,ден

Petok premierno vo Cresha Bar:🍒☆MRTN☆🪩DJ-Set21:00🎶🌸🥃🫢
22/04/2026

Petok premierno vo Cresha Bar:
🍒
☆MRTN☆
🪩DJ-Set
21:00

🎶🌸🥃🫢

Викенд во Цреша🍒17-18.04.26Петок:☆ДЈ GameOver☆21:00Сабота:☆Whisky Sour Night☆Промо цена 220,ден20:00
14/04/2026

Викенд во Цреша🍒
17-18.04.26

Петок:
☆ДЈ GameOver☆
21:00

Сабота:
☆Whisky Sour Night☆
Промо цена 220,ден
20:00

Петок03 Април21:00 прославува 11 години Резидент ДЈ во Цреша🍒Дојдете да славиме🙂🥃Специјален гостин: ☆Дарко Јорданов☆🪩🍒🎂😁
30/03/2026

Петок
03 Април
21:00

прославува 11 години Резидент ДЈ во Цреша🍒
Дојдете да славиме🙂🥃
Специјален гостин:
☆Дарко Јорданов☆

🪩🍒🎂😁

☆It's time to celebarte☆Време е за прославување на вашите јубилеи, дипломски и матурски забави🎉🍒Цреша Бар🍒 Ви стои на ра...
25/03/2026

☆It's time to celebarte☆

Време е за прославување на вашите јубилеи, дипломски и матурски забави🎉

🍒Цреша Бар🍒 Ви стои на располагање за вас и вашите потреби.

Повелете и резервирајте ја вашата забава.

За организација, информации и резервации контактирајте не:
☎️075490825

#матурски classoff party catering creshabar skopje macedonia

🍒Ретро Петок🪩☆Пејчи☆ДЈ-сет21:00
23/03/2026

🍒Ретро Петок🪩

☆Пејчи☆
ДЈ-сет
21:00

Петок:20 Март☆Игор Калц☆🪩ДЈ-Сет21:00🍒 #црешабар
18/03/2026

Петок:
20 Март
☆Игор Калц☆
🪩ДЈ-Сет
21:00
🍒

#црешабар

Address

Ulica Ivan Milutinovikj Br. 8
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 00:00
Tuesday 08:30 - 00:00
Wednesday 08:30 - 00:00
Thursday 08:30 - 00:00
Friday 09:00 - 01:00
Saturday 09:00 - 01:00
Sunday 10:00 - 00:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Cresha Bar posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Establishment

Send a message to Cresha Bar:

Share

Category