28/02/2024
Саботното џез матине беше одлично исполнување на саботното музичко попладне во Audiokultura, кое го посветивме на студентите од Музичката академија од Штип.
Беше задоволство да се ужива во едночасовниот репертоар отсвирен со младешки ентузијазам и врвна спремност кои ги покажаа талентираните студенти.
Атмосферата на уникатност беше збогатена со дегустација на прекрасното вино Pure Elegance од Винарија Камник (Chateau Kamnik Winery), во комбинација со слатка и овошна закуска.
Фото галерија: Стефан Рајхл