Kompot

Kompot Life is a kOmpot

21/05/2026

About last night... ‼️ Уште малку билети во продажба за денешната изведба на СЕАНСА на .siladjev
Билетите се достапни на www.mnt.mk

‼️Првата изведба на СЕАНСА на .siladjev е распродадена! Уште малку билети се останати за втората изведба на 21 мај (четв...
18/05/2026

‼️Првата изведба на СЕАНСА на .siladjev е распродадена! Уште малку билети се останати за втората изведба на 21 мај (четврток)! Побрзајте и купете си на време на www.mnt.mk или на билетарницата на ‼️

Монодрамата „СЕАНСА“ е третата авторска монодрама на Сандра СилаѓевВо претставата го следиме ликот Јасна, жена во петтат...
11/05/2026

Монодрамата „СЕАНСА“ е третата авторска монодрама на Сандра Силаѓев

Во претставата го следиме ликот Јасна, жена во петтата деценија од животот, на психотерапевтска сеанса.

Јасна нè води низ гротеската на современиот живот, каде што болката се мери со аплауз, а понижувањето со лајкови.
Се отвораат прашања: дали јавната сцена станала колективна терапија?, дали личната болка е нова општествена моќ?

„СЕАНСА“ е авторска црна комедија која ја надминува рамката на приказна за еден поединец и поставува универзални прашања за здравствениот систем и општеството.

Оваа монодрама ќе ве насмее и ќе ве збуни. Понесете трпение и добро расположение.

Се гледаме на „СЕАНСА“ – место каде што на рецептот, наместо лек, пишува: театар. 🎭

Сандра Силаѓев е балканска актерка, комичарка и писателка, позната по своите сатирични видеа и театарски настапи. Таа е е една од најпознатите женски комичарки на Балканот, препознатлива по интелигентна сатира, вирални видеа и театарски монолози, а нејзините настапи секогаш се распродаваат со огромна брзина. Набавете билети веднаш на www.mnt.mk или на билетарницата на МНТ.

Втора изведба на 21 мај 2026 г. | МНТ | почеток 20:00

Монодрамата „СЕАНСА“ е третата авторска монодрама на Сандра СилаѓевВо претставата го следиме ликот Јасна, жена во петтат...
02/05/2026

Монодрамата „СЕАНСА“ е третата авторска монодрама на Сандра Силаѓев

Во претставата го следиме ликот Јасна, жена во петтата деценија од животот, на психотерапевтска сеанса.

Јасна нè води низ гротеската на современиот живот, каде што болката се мери со аплауз, а понижувањето со лајкови.
Се отвораат прашања: дали јавната сцена станала колективна терапија?, дали личната болка е нова општествена моќ?

„СЕАНСА“ е авторска црна комедија која ја надминува рамката на приказна за еден поединец и поставува универзални прашања за здравствениот систем и општеството.

Оваа монодрама ќе ве насмее и ќе ве збуни. Понесете трпение и добро расположение.

Се гледаме на „СЕАНСА“ – место каде што на рецептот, наместо лек, пишува: театар. 🎭

Сандра Силаѓев е балканска актерка, комичарка и писателка, позната по своите сатирични видеа и театарски настапи. Таа е е една од најпознатите женски комичарки на Балканот, препознатлива по интелигентна сатира, вирални видеа и театарски монолози, а нејзините настапи секогаш се распродаваат со огромна брзина. Набавете билети веднаш на www.mnt.mk или на билетарницата на МНТ.

20 мај 2026 г. | МНТ | почеток 20:00

ХРИСТИНА ПОПОВИЌ ВО МНТ🎭 ДОБРО ИСПАДНАВ!ШТО МИ ФАЛИ?Автобиографски comedy show за преживување на семејството. Минатото. ...
07/04/2026

ХРИСТИНА ПОПОВИЌ ВО МНТ
🎭 ДОБРО ИСПАДНАВ!
ШТО МИ ФАЛИ?

Автобиографски comedy show за преживување на семејството. Минатото. Сегашноста. И сè останато што го прави животот.

Зошто испаднав?
Кому му испаднав?
Во која боја тато ја варосал собата кога се родив?
Како ме родила мама по само три месеци бременост?
Кои воспитни методи тогаш биле „нормални“, а денес би завршиле на суд?
И кој е ултимативниот совет за добар живот што ни го даде баба ми на својот 95-ти роденден?

📅 29 април
📍 МНТ – Македонски народен театар

Бројот на места е ограничен.
Како и бројот на нерви што денес ги имаме.
Христина Поповиќ е српска актерка родена во Белград. На публиката во регионот ѝ е најпозната по улогата на Бисерка во култниот филм „Парада“. Во својата кариера има бројни улоги во филмови, телевизиски серии и театарски претстави и важи за една од најхаризматичните актерки на сцената.

🎟️ Повеќе информации: www.mnt.mk

19/03/2026

✨ Се гледаме на 30 март во Македонски Народен Театар! SHOWBIZ со Никола Ѓуричко! Билетите се достапни на билетарницата на МНТ и на www.mnt.mk

💫 ОД ЛОС АНЏЕЛЕС ДО БЕЛГРАД, ПА ВО СКОПЈЕ: НИКОЛА ЃУРИЧКО НАСТАПУВА ВО МНТ ЗА РОДЕНДЕНСКАТА ПРОСЛАВА❗ Билетите се достап...
11/03/2026

💫 ОД ЛОС АНЏЕЛЕС ДО БЕЛГРАД, ПА ВО СКОПЈЕ: НИКОЛА ЃУРИЧКО НАСТАПУВА ВО МНТ ЗА РОДЕНДЕНСКАТА ПРОСЛАВА
❗ Билетите се достапни на овој линк: https://mnt.mk/online/index.php?id=676

Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд‑ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познатиот актер Никола Ѓуричко. Наградуван актер и во театарот, филмот и телевизијата, чија долга и успешна кариера му го отвори патот до значајни улоги на холивудската сцена. Тој е долгорочно поврзан со Југословенското драмско позориште (ЈДП) во Белград, каде беше постојан член на ансамблот уште од 1995 година и каде реализира бројни успешни театарски улоги, а од крајот на 2019 година живее и работи во Лос Анџелес, САД.
Ѓуричко e светски препознатлив и по улогата на Јури во хит серијата „Stranger Things“, како и во филмот „World War Z“ и други меѓународни продукции.

По три години од успешниот стенд-ап „Сѐ што сакавте да знаете за Џони, а никогаш не се осмеливте да го прашате“, Ѓуричко подготви нова програма под наслов „Show biz“, со која настапува низ Србија, регионот и дијаспората во рамки на големата турнеја.

Новиот материјал, како и претходниот, е потпишан од актерската ѕвезда и се однесува на неговиот живот, кариера и семејство. И оваа шоу-програма на духовит начин ги раскажува интересните детали од неговиот живот и професионален пат.
„Show biz е моето ново стенд-ап шоу. Речиси три години не настапував, па се зажелев за луѓе, за публика. Имам многу нов материјал... тоа се само некои нови животни искуства и сознанија, кои сакам да ги споделам со луѓето, како на пример, зошто ме фаќаа за јаката, зошто морав да присуствувам на породување или зошто го пријавив син ми во полиција.“, вели Ѓуричко.

Вечерта на 30 март, Ѓуричко најавува вечер исполнета со хумор, анегдоти и лично сведоштво од меѓународната кариера.
Неговиот настап е дел од роденденската прослава на МНТ. Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, мината година, театарот одбележа 80 години од постоењето.

❗ НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ВЕЧЕР ИСПОЛНЕТА СО СМЕА!

*** „Бестрашен, суров и остар. Ако Хемингвеј имал другар за пиење, тоа би бил Џим.“ - Forbes ***JIM JEFFERIES LIVE IN SK...
26/11/2025

*** „Бестрашен, суров и остар. Ако Хемингвеј имал другар за пиење, тоа би бил Џим.“ - Forbes ***

JIM JEFFERIES LIVE IN SKOPJE! 🔥
Билетите се достапни на овој линк: https://drugastrana.mk/event/jim-jefferies-live-in-skopje/

❗ Датумот е 5 декември во салата на СЦ Јане Сандански!

Џим Џефрис е едно од најпознатите имиња во светската комедија денес. Со својата неоспорена харизма, посветеност на занаетот и кариера која трае повеќе од 20 години – Џим успева истовремено да шармира и предизвика, насмевајќи ја публиката до солзи.

-------------

- One of the top 10 comedians in the world, comes to Skopje. Do not miss this spectacular stand up show!

Фотографии од вчерашниот настап на Зоран Кесиќ со неговите ПРИКАЗНИ И ПЕСНИ во Македонска Филхармонија ✨Благодарност до ...
25/11/2025

Фотографии од вчерашниот настап на Зоран Кесиќ со неговите ПРИКАЗНИ И ПЕСНИ во Македонска Филхармонија ✨
Благодарност до цела прекрасна публика! 💖

🌟🌟🌟🌟🌟
24/11/2025

🌟🌟🌟🌟🌟

Вечерва во 20 часот, Зоран Кесиќ настапува во Македонската филхармонија со шоуто „Приказни и песни“ – вечер исполнета со хумор, музика и искреност.

Address

11 Март
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Kompot posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share