06/10/2025
МГ Мјузик Продукција ви најавува!
🎶 ФОЛТИН LIVE во Македонска Филхармонија
Основани во 1995 во Битола, ФОЛТИН веќе 30 години ја освојуваат публиката со својот уникатен звук и сценски израз. Нивниот стил – „псевдо-емигрантско кабаре“ – е магичен амалгам од традиционална музика, електроника, рок и елементи на кабаре и перформанс.
Со десетина албуми и музика за бројни театарски претстави и филмови („Плати и жени“, „Исцелител“, „Медена земја“…), тие ја потврдија својата оригиналност и автентичност и дома и во светот.
👉 На оваа специјална вечер, за прв пат во салата на Македонската филхармонија, ќе бидат изведени и композиции од нивниот богат опус кои не често се изведуваат во живо – неповторлива можност за сите вистински љубители на музиката на ФОЛТИН.
📍 Македонска филхармонија
📅 22 ноември 2025
🕗 20:00 часот
🎫 https://www.karti.com.mk/foltin.nspx
✨ Вечер на звук, емоции и уметничка енергија со ФОЛТИН – концерт што не се пропушта!
🎫Билетите се во ограничен број затоа порбрзајте и обезбедете го вашиот навреме!
Основани во 1995 во Битола, ФОЛТИН веќе 30 години ја освојуваат публиката со својот уникатен звук и сценски израз.