20/07/2026
DANE HERMES Wine Estate пристигнува во Црна Гора 🇲🇪🇲🇪🇲🇪.
Со големо задоволство го одбележуваме новиот извоз и уште еден значаен чекор во развојот на нашиот бренд.
Од нашите лозја во Лепово, преку внимателната работа во бутик винаријата, до љубителите на виното во Црна Гора —
секое шише ја носи нашата посветеност, семејна традиција и верба во македонскиот вински тероар 🇲🇰🇲🇰🇲🇰.
Нашите вина отсега се достапни во Црна Гора преку дистрибутивната мрежа на NTC DOO, Montenegro:
- Olja Rosé
- Pinot Grigio
- Chardonnay Barrel Aged
Горди сме што DANE HERMES Wine Estate продолжува достоинствено да го претставува дел од македонското вино на регионалните пазари.