15/03/2026
Некои смени никогаш не завршуваат.
Во чест на келнерите и шанкерите кои повеќе не се со нас, организираме хуманитарна вечер „Една чаша за нив“.
Оваа вечер секоја подигната чаша ќе биде тост за колегите кои зад шанкот оставија дел од своето срце, својата работа и својата насмевка.
Во текот на вечерта ќе биде промовиран и специјален коктел „Late Shift“, создаден во нивна чест – симбол на долгите ноќи, последните нарачки и смените што понекогаш никогаш не завршуваат.
Дел од приходот од продадениот коктел „Late Shift“ ќе биде наменет за хуманитарна цел – изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“.
📍 Cacao Libre
📅 16.03.2026
🕘 21:00 часот
Некои смени никогаш не завршуваат.