Струмица

Website Contact the establishment

Струмица Се за Струмица, вести,политика новости и забава .

Приклучете се во групата Струмица https://www.facebook.com/groups/276678202824521/?ref=share&mibextid=NSMWBT

Се за Струмица!

Јавните собири со граѓаните ќе се одржат од 27 октомври до 4 ноемвриСе известуваат сите граѓани на општина Струмица дека...
14/10/2026

Јавните собири со граѓаните ќе се одржат од 27 октомври до 4 ноември

Се известуваат сите граѓани на општина Струмица дека во периодот од 27 октомври до 4 ноември 2026 година, на иницијатива на градоначалникот Петар Јанков, a согласно законските и статутарните овластувања, ќе се одржат собири на граѓани во урбаните, односно месните заедници по следниот распоред:

-Во с. Вељуса собирот ќе се одржи на ден 27.10.2026 година во училиштето, со почеток во 17:30 часот;
-Во с. Водоча собирот ќе се одржи на ден 27.10.2026 година во училиштето, со почеток во 18:30 часот;
-Во с. Баница собирот ќе се одржи на ден 27.10.2026 година во училиштето, со почеток во 19:30 часот;
-Во с.Сачево собирот ќе се одржи на ден 28.10.2026 година во училиштето, со почеток во 17:30 часот;
-Во с. Дабиље собирот ќе се одржи на ден 28.10.2026 година во Домот на културата во с.Дабиље со почеток во 18:30 часот;
-Во с.Градско Балдовци собирот ќе се одржи на ден 28.10.2026 во училиштето со почеток во 19:30 часот;
-Во с. Муртино собирот ќе се одржи на ден 29.10.2026 година во училиштето, со почеток во 17;30 часот;
-Во с. Банско собирот ќе се одржи на ден 29.10.2026 година во училиштето, со почеток во 18:30 часот;
-Во с. Габрово собирот ќе се одржи на ден 29.10.2026 година во училиштето со почеток во 19:30 часот;
-Во с. Свидовица собирот ќе се одржи на ден 30.10.2026 година во училиштето, со почеток во 17:30 часот;
-Во с. Куклиш собирот ќе се одржи на ден 30.10.2026 година во Спортската сала во с.Куклиш, со почеток во 18:30 часот;
-Во с. Костурино собирот ќе се одржи на ден 30.10.2026 година во Домот на културата во с.Костурино, со почеток во 19:30 часот;
-Во с. Рич собирот ќе се одржи на ден 02.11.2026 година во училиштето, со почеток во 17:30 часот;
-Во с. Попчево собирот ќе се одржи на ден 02.11.2026 година во училиштето, со почеток во 18:30 часот;
-Во с. Раборци собирот ќе се одржи на ден 02.11.2026 година во училиштето, со почеток во 19:30 часот;
-Во село Добрејци собирот ќе се одржи на ден 03.11.2026 година во училиштето, со почеток во 18:30 часот;
-Во с. Просениково собирот ќе се одржи на ден 03.11.202 година во Пензионерскиот дом во село Просениково, со почеток во 19:30 часот;
-За I, III, IV и V урбана заедница собирот ќе се одржи на 04.11.2026 година во Младински центар (општинска зграда) со почеток во 18 :30 часот;
-За II, VI, VII и VIII урбана заедница собирот ќе се одржи на 04.11.2026 година во Младински центар (општинска зграда), со почеток во 19:30 часот

Денот, часот и местото на одржување на јавните собири јавно ќе бидат објавени и во просториите на урбаните, односно месните заедници, на огласната табла во зградата нa локалната самоуправа и на веб страната на општина Струмица.

🚧 ДЕПОНИЈА „ШАПКАР“: САНАЦИЈА И МЕРКИ ПРОТИВ ПОЖАРИНа регионалната депонија „Шапкар“ започна покривање на отпадот со зем...
14/10/2026

🚧 ДЕПОНИЈА „ШАПКАР“: САНАЦИЈА И МЕРКИ ПРОТИВ ПОЖАРИ

На регионалната депонија „Шапкар“ започна покривање на отпадот со земјен слој од околу 50 сантиметри, а досега е санирана приближно половина од депонијата.

✅ Поставени се 4 камери за видеонадзор.
✅ Воведена е 24-часовна чуварска служба.
✅ Обезбедена е дежурна механизација за брза интервенција.

Активностите продолжуваат со цел намалување на ризикот од пожари и заштита на граѓаните и животната средина.

Медиа24 | Информации од јавен интерес.

💬 Дали овие мерки ќе бидат доволни за трајно решавање на проблемот со депонијата „Шапкар“?

Повик за ангажирање на 20 невработени лица со ниски квалификацииОпштина Струмица ги повикува сите евидентираните неврабо...
14/10/2026

Повик за ангажирање на 20 невработени лица со ниски квалификации

Општина Струмица ги повикува сите евидентираните невработени лица со ниски квалификации, а кои се активни баратели на работа во евиденцијата на АВРСМ и се заинтересирани да се вклучат во Програмата Јавни работи за работно ангажирање на работно место како општ работник во времетраење од 30 дена по 4 часа дневно, да се обратат и пријават во Агенција за вработување - Центар за вработување Струмица.

Овој повик е во согласност со одобрениот проект за ангажирање на 20 невработени лица со ниски квалификации, а согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година усвоен од Владата на Република Македонија, за 5.1. Програмата за работно ангажирање - Јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Македонија.

Заинтресираните невработени лица пријавите за учество можат да ги поднесат во Агенцијата за вработување - Центар за вработување Струмица во периодот од 14.10.2026 година до 22.10. 2026 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Детални информации за Програмата „Јавни работи“ можат да се добијат во Општина Струмица, Одделение за ЛЕР (зграда ДОМ на АРМ) кај лицето Софче Јанева – општински координатор за Програмата „Јавни работи“ и во Агенција за вработување - Центар за вработување Струмица кај лицето Александра Петкоска.

🇲🇰 11 ОКТОМВРИ – ДЕН НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕДен на храброста, слободата и непокорот!Вечна слава на борците за с...
11/10/2026

🇲🇰 11 ОКТОМВРИ – ДЕН НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕ

Ден на храброста, слободата и непокорот!
Вечна слава на борците за слобода! 🇲🇰
Слава им!

📢 Дадете свој придонес за локалниот економски развој на Струмица!Општина Струмица започна со подготовка на Стратегијата ...
10/10/2026

📢 Дадете свој придонес за локалниот економски развој на Струмица!

Општина Струмица започна со подготовка на Стратегијата за локален економски развој за периодот 2027–2031 година.

Со цел утврдување на приоритетите за развој на општината, на општинската веб-страница е достапен анкетен прашалник за SWOT анализа, преку кој граѓаните и засегнатите страни од бизнис, невладиниот и јавниот сектор можат да дадат свој придонес во процесот.

Анкетата е анонимна, а добиените одговори ќе се користат исклучиво за потребите на изработката на Стратегијата.

Ве покануваме да го пополните прашалникот и да придонесете кон утврдување на насоките за локален економски развој на Општина Струмица.

🔗 Анкетниот прашалник е достапен на официјалната веб-страница на Општина Струмица:

Општина Струмица започна со изготвување на Стратегија за локален економски развој за период 2027-2031 година. Изготвувањето на Стратегијата треба да е во партнерство ....

МЛАДИТЕ КАКО ДВИГАТЕЛИ НА ПОЗИТИВНИТЕ ПРОМЕНИ В СТРУМИЦАВладимир Ристов и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, се ...
09/10/2026

МЛАДИТЕ КАКО ДВИГАТЕЛИ НА ПОЗИТИВНИТЕ ПРОМЕНИ В СТРУМИЦА

Владимир Ристов и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, се обратија пред младите учесници во рамки на проектот „Локални активни платформи за социјални иновации“ (ЛАПСИ).

Во фокусот на средбата беа личниот развој, можностите за учење и активното вклучување на младите во локалната заедница.

Ристов сподели искуства од својот активизам во Младинскиот совет на Струмица, охрабрувајќи ги младите слободно да ги изразуваат своите идеи и да иницираат конкретни промени во средината во која живеат.

Проектот ЛАПСИ им овозможува на младите да ги препознаат локалните предизвици, да развиваат идеи и да предлагаат решенија за подобра заедница.

Проектот го спроведува Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, во рамки на програмата BOOST, координирана од ALDA, со финансиска поддршка од Француската агенција за развој (AFD).

Медиа 24 | Струмица

💼Работиме на администрација која е поедноставна, поефикасна и подостапна за граѓаните! Денес, заедно со министерот за ди...
08/10/2026

💼Работиме на администрација која е поедноставна, поефикасна и подостапна за граѓаните!

Денес, заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, ја посетивме канцеларијата за е-услуги во зградата на Општина Струмица, како место каде граѓаните добиваат услуги побрзо, без непотребно губење време по различни институции.

Повеќе од 30.000 граѓани од нашата општина преку оваа канцеларија имаат полесен пристап до низа државни е-услуги, меѓу кои уверение за државјанство, изводи од матичните книги, потврда за неосудуваност, историјат на работни односи и други документи.

📍 Канцеларијата е отворена секој работен ден од 08 до 16 часот.

Address

Strumica
2400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Струмица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Establishment

Send a message to Струмица:

Shortcuts

Share