HOT BOX Pelister

HOT BOX Pelister Coffee,Tea,Food...

29/01/2018
Gm  . .
25/11/2017

Gm . .

24/11/2016
30/12/2015
18/12/2014

Со неколку новини и најава за капитални инвестиции „Пелистер“ влегува во претсојната зимска сезона. Санираното свлечиште, обновениот ски лифт и продолжената ски патека се само дел од предизвикот зошто зимава да се дојде во овој наш туристички центар. Албански туристи кој викендов го преполнија хотел…

02/12/2014

Скијачкиот центар КОПАНКИ располага со една двоседа жичара – ,,Бегова чешма,, и еден ски лифт – ,,Копанки,,.
Должината на жичарата и ски лифтот изнесува 1326 метри со капацитет од 1133 скијачи на час. Двете скијачките патеки се со средна тежина и нивната должина изнесува 1341 метар со површина од 53640 м2..и двата се комплетно реставрирани и подготвени за сезоната која е на прагот ..

21/11/2014

ЦЕНОВНИК НА СКИ БИЛЕТИТЕ ЗА СКИЈАЧКИОТ ЦЕНТАР ,,КОПАНКИ,, - СЕЗОНА 2014/2015
Бр.
Ски центар “КОПАНКИ”
ЦЕНА
1
ТРИДНЕВЕН ПАКЕТ АРАНЖМАН (Полн Пансион и Ски билет)
5.550 ден
2
ДНЕВЕН СКИ БИЛЕТ
300 ден
3
ТРИДНЕВЕН СКИ БИЛЕТ
600 ден
4
ДЕТСКИ СКИ БИЛЕТ
200 ден
5
ТРИДНЕВЕН ДЕТСКИ СКИ БИЛЕТ
450 ден
6
СЕЗОНСКИ СКИ БИЛЕТ
4.000 ден
7
ДЕТСКИ СЕЗОНСКИ СКИ БИЛЕТ
3.000 ден
8
БИЛЕТ ЗА ЕДНО ВОЗЕЊЕ – ЖИЧАРНИЦА (Молика-Копанки)
100 ден

20/11/2014

Midway through a dry season, with scraggly trees, icy slopes, and hardly any base, Mount Baker suddenly finds itself consumed by the chaos of the year' biggest storm--…

12/11/2014

Ја очекува ли Македонија најстудената зима во последните 100 години. Она што со сигурност можат да го предвидат метеоролозите е дека ќе има многу снег. Велат дека зимата веќе ја најавила својата суровост на Балканот.

12/11/2014

Историјат – СКИ Центар Копанки
Ски центарот ,, Копанки “ е свечено пуштен во употреба на 04 . 11 1975 година по повод денот на ослободувањето на градот Битола , со пуштање во употреба на жичарницата од потегот на месноста ,, Бегова Чешма ,, до локалитетот ,, Копанки,, .

Комплетната изградба на жичарницата во тој период е како резултат на волјата и желбата на граѓаните од Битола , кој преку референдум за месен саподопринос на општината Битола со средства на граѓаните на општина Битола беше реализиран комплетниот проект и поставена комплетната конструкција од производителот ,, Помагалски ,, – Гренобл – Франција.

Во истиот период беше поставен и детскиот Ски – Лифт ,, Пионир кој се наоѓа во потегот од локалитетот 7 Кладенци – до патот и почетокот на жичарницата на локалитетот ,, Бегова Чешма ,,. Мора да се истакне дека овој Ски лифт во моментот е комплетно запоставен и зараснат со бијна вегетација , но неговата преродба и преместување на потегот од хотелот Молика до месноста викана ,, Марково Копито,, би била идеална инвестиција со која би се зголемил квалитетот на ски услугите на Пелистер.

Транспортот на двете постројки беше извршен со помош и во организација на транспортното претпријатие ,, Транскоп ,, Битола – меѓународен транспорт и шпедиција, додека сите неопходни царински формалности , подготвувањето на целокупната документација за увоз на постројките беше организиран од страна на членовите и претседателот на Скијачкиот Клуб Пелистер од Битола.

Свечената употреба на двете постројки на 04.11.1975 година , во присуство на голем број гости, и претставници на општината и републиката , го пушти г-дин Љупчо Спирковски член на Скијачкиот Клуб Пелистер од Битола и репрезенатиивец во скијање на Република Македонија.

Веќе во 1985 со помош на големиот број ентузијасти , планинари , граѓани од Битола и со помош на жителите од потпелистерските села се оспособи стазата над локалитетот Копанки до месноста викана Извидница на надморска висина од 1600 – 1800 метри . Во организацијата при набавката и обезбедувањето на средствата за оваа стаза се погрижи ,, Самоуправната Интересна Заедница ( СИЗ ) за Детска Заштита при општина Битола , со набавка на комплетна конструкција и постројка на Ски Лифтот на тој потег. Оваа инвестиција под погровителство на СИЗ-от за Детска Заштита беше набавена од словенскиот производител на ваква опрема ,, Лесна ,, од Словен Градец Република Словенија.

Во текот на истата година за потребите на скијачките патеки беше набавен и новиот Ратрак за снег , кој во моментот се наоѓа на скијалиштето во Нижеполе во сопственост на Јавното Претпријатие Стрежево од Битола.

Од 1982 година до 1986 година со Ски Центарот стопанисува Рекреативниот Центар – Пелистер – Нижеполе.

Од 1986 – 2001 година со Ски Центарот Копанки стопанисува ,, Детското Одморалиште – Пелистер, под покровителство на Министерството за Труд и Социјала на Република Македонија.

Од 2001 година – 2002 година со Ски Центарот Копанки стопанисува Јавното претпријатие ,, Стрежево,, – Битола.

Од 2002 година до 2005 година со Ски Центарот Копанки стопанисува Приватното Претпријатие ,, Барни ,, од Битола како концесионер на планинарскиот дом Копанки и ски стазата.

Од 2005 година до 2007 година со Ски Ценатарот Копанки стопанисува приватната фирма ,, Грандинг ,, – Скопје.

Периодот од 2006 година до Декември 2011 година е најтешкиот период за Ски Центарот Копанки и за граѓаните и вљубениците на Пелистер, кога Ски Центарот Копанки воопшто не е ставен во функција. Но веќе во почетокот на 2011 година се почуствува потребата некој да застане зад подготовките кои во текот на летото 2010 и 2011 година во голема мера се остварија со поддршка на АД ЕЛЕМ Скопје и нејзините подружници.

31/10/2014

Address

Bitol

Telephone

0038975655333

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when HOT BOX Pelister posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share